Современата потреба и трендот на здрава (и вкусна) исхрана нѐ наведе да се вмешаме во „алтернативниот“ – органски синџир на исхрана преку производството на обоени еднодневни пилиња бројлери. Овие бројлери се наменети за производители на органско месо од живина, како и за производители на домашна живина и живина на отворено.
Обоените бројлери се од Hubbard (RedBro, Colorpac, Master Grey), а затоа што се побавнорастечки раси во споредба со белите бројлери, соодветни се за „тешки“ средини за одгледување (производство на отворено и органско производство).
Обоените бројлери изискуваат пониски стандарди за енергетска и протеинска исхрана во споредба со брзорастечките бели бројлери и комбинацијата од храна, средината на одгледување и времето со помош на генетските карактеристики го прават произведеното пилешко месо да биде мошне вкусна алтернатива на стандардното производство на месо од живина.