ЕУРОФАРМА АД произведува еднодневни кафеави и бели пилиња несилки коишто се изведени од јајца произведени од несилки за размножување сместени во капацитетите на компанијата. Произведените пилиња се со врвен квалитет. Ова се осигурува преку присуството и постојаната контрола од страна на обучен персонал и голем број научници (ветеринари, стручњаци за животни) специјализирани и обучени во полето на живинарството. Процесите на инкубација на јајца и ведење на еднодневни пилиња се придружени со вакцинација против болеста Марек. Постапката се спроведува на безбеден и делотворен начин.
Потоа, еднодневните пилиња се товарат на возила за транспорт на пилиња и патуваат во потполно контролирана и постојано надгледувана средина додека не пристигнат до дестинацијата.